еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Завршува заедничкото патување на Adventure Macedonia и Мсат – новооткриени природни убавини и одлична телевизија каде и да сте во Македонија

По речиси два месеци викенд авантури низ најживописните предели низ земјава Adventure Macedonia и Мтел ја завршуваат својата mSAT TV авантура, информираат од Мтел.

Последниот викенд од неверојатната mSAT TV Авантура во која што се ужива во убавините на Македонија и одличната телевизија на Мтел, Ана и Мане од Adventure Macedonia ќе го посетат Кожуф.

Специјално подготвеното теренско возило на Adventure Macedonia им овозможи да дојдат до досега недостапни места и да откријат нови природни убавини.

„Последниве два месеци се дружиме со Мтел и mSAT TV и заедно, преку низа на авантури, ги посетивме најубавите локации низ Македонија, откривме многу нови и недопрени места и гледавме телевизија обиколени од прекрасна природа или зајдисонце во позадина! За нас, овие викенди беа вистинско доживување и сме сигурни дека нема да ги заборавиме!“, велат Ана и Мане од Adventure Macedonia.

Авантурата тргна од секогаш прекрасното Крушево. А, во изминатите два месеци посетија десетици локации. Дел од нив добро познати, дел од нив ги откривме токму низ ова авантуристичко патување.

Доколку сте во потрага по супер локација за вашата следна авантура, кампинг или само еднодневна прошетка патување на Ане и Мане и Мтел видеата и фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи се вистинска инспирација за вашата нова авантура во природа или пак за филмско уживање во удобноста на вашиот дом.

Дополнително, заедничката авантура низ Македонија @adventure.mk и @mtel_mk ја завршуваат со подароци за дел од верните следбеници на нивните профили на социјалните мрежи – тројца ќе бидат наградени со ноќевање со појадок и ручек за двајца во прекрасната винарија „Лазар“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарецот Али Февзи е Маж на годината во избор на социјални медиуми за 2020 година

Редакција

УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

Редакција

(Видео) За Лео, Благојчо Ѓоргиев од Кочани на продажба го стави својот скутер за хендикепирани

Редакција