Екипата на крим техника од Полициската станица-Штип и членовите на Здружението на спортски риболвци „Брегалница“- Штип попладнево земаа мостри од водата на реката Брегалница, која неколку часови е обоена во бела вода.
МИА беше на лице место кога се земаа мострите од каналот за отпадни води, кој излегува од стопанските објекти во кругот на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“.
Спортски риболовци од здружението „Брегалница“ мострите од водата ќе ги испратат во Скопје, за да се открие какви хемекалии попладнево се испуштени од овој канал, а водата на река Брегалница е обено од населбата Македонка.
Бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, за да откријат, кој стопански субјект ја направи оваа хаварија.
Забележуваат дека ова не е првпат реката Брегалница во штипскиот регион да ја смени бојата. Точно пред две години водата се обои во црна, сина и црвена боја. Инспекторскиот увид тогаш не откри виновници, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на поранешна Македонка, а кои се занимаваат со боење ткаенини.
Штипјани на социјалните мрежи споделуваат видеа и слики и ги повикуваат надлежните институции, конечно да го најдат виновникот на овие хаварии. Засега не е забележан помор на рибата.
МИА/Фото: Штипска идила
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откриен изворот на загадување во реката Брегалница
Еколошка хаварија: Реката Брегалница побеле во штипскиот регион