Кој е Златко Перински, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување

Поранешниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, од страна на Владата е именуван за нов директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Тој доаѓа на местото на Сашо Клековски, кој со реконструкцијата на Владата стана министер за здравство, а Перински беше сменет од министерската позиција во Министерството за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Златко Перински именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Да биде нов директор на ФЗО, бил предложен од Клековски.

Кој е Перински

Роден е на 14. јануари 1983 година во Скопје.

Дипломирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнал со титулата дипломиран професор и тренер.

На Институтот за политичко-правни истражувања при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, пак се стекнал со магистерска диплома по менаџмент на човечки ресурси со тезата: „Лидерот како креатор на организациските промени“.

Зборува англиски јазик.

Професионална и политичка кариера

Неговата професионална кариера започнала во 2009 година како основач и управител на приватна компанија за матични клетки.

Во 2012 година, основал приватна компанија која е претставништво на германска банка за матични клетки за државите од балканскиот регион.

Во периодот од 2014 до 2017 година, беше управител на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Од 2021 до 2022 година, беше генерален директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во Скопје.

Во јуни 2024 година стана министер за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, кој повеќе нема да биде министер за локална самоуправа

Кој е Сашо Клековски, новиот министер за здравство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести