Кој е Ерџан Демир, новиот министер без ресор

Ерџан Демир е новиот министер задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Тој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа на местото на Шабан Салиу, кој повеќе нема да има министерска позиција.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Демир

Тој е дипломиран економист, со завршено високо образование на Економскиот факултет при Европскиот универзитет – Скопје.

Во периодот од 2025 до 2026 година бил национален координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики за немнозинските заедници во Владата.

Во периодот од 2021 до 2025 година бил член на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Од 2007 до 2021 година работел како проектен менаџер во Здружението на граѓани за едукација и советување на млади „ФИЛЕО“ – Скопје.

Од 2014 до 2019 година бил координатор за производство во компанијата „Фантази Мебел“ – Скопје.

Од 2010 до 2012 година бил управител на компанијата за автопревоз „Шалом“ – Скопје.

Од 2004 до 2006 година работел како координатор за производство во компанијата „Архикон“ – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борче Серафимовски, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда

Кој е Сашо Клековски, новиот министер за здравство

Фото: Фејсбук/Демир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести