еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ и СЕММ: Нема простор за сензации во медиумите кога има лични трагедии

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелираат до медиумите доследно да го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија кога известуваат за настани во кои има трагични последици проследени со загубени човечки животи.

ЗНМ и СЕММ соопштија дека со загриженост реагираат на ширењето на сензационалистички наслови и информации по сообраќајната несреќа што се случи синоќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во која, според официјални информации, животот го загуби 24-годишна девојка.

-Објавите преку кои се прикажуваат експлицитни кадри од сообраќајната несреќа може да ја вознемират јавноста и да предизвикаат дополнителна душевна болка кај членови на семејството и блиски лица на починатите.

Медиумите имаат обврска да ја информираат јавноста за информации од јавен интерес, но притоа да ја почитуваат приватноста на личноста, како и личната болка и жалост, а во согласност со членот 8 од Кодексот на новинарите според кој „начинот на информирање во случаи на семејни трагедии мора да биде ослободен од сензационализми“, наведуваат ЗНМ и СЕММ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојката која загина во скопски Карпош била од Радовиш, ја прегазил 22-годишно момче од Скопје

24-годишна девојка загина во скопски Карпош, ја прегазил автомобил на пешачки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Берово е ново жариште на корона вирусот

Редакција

Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти

Редакција

За Заев наредбата на Бајден за санкции за непочитувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор е сериозна порака на охрабрување и мотивација

Редакција