еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Втор ден Христово Воскресение, во црквата Св.Кирил и Методиј во Дортмунд

На вториот ден Велигден, Македонската црковна општина Св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство митрополитот Европски г. Пимен, информираат од таму за еМагазин.мк.

„Се отслужи света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г.Пимен и парохискиот свештеник и архиерејски намесник отец Душко Пецов. Верниот народ се причести со светите тајни.

На оваа света богослужба беше обнародена одлуката на Светиот архиерејски синод на, МПЦ-ОА ,со која го одлукува протојерејот Душко Пецов со право на носење на граден крст.

После светата богослужба о.Пимен во разговор со претседателот на Црковната општина Зоран Ташов даде упатства за престојниот фрескопис и внатрешното уредување на храмот,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Осветна новата македонска православна црква, Св. Кирил и Методиј во Дортмунд

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд изградена за четири месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Редакција

Најголем дел од заболените со Ковид-19 во Македонија имале кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција

Од утре локален пороен дожд и грмежи

Редакција