Дебарски бањи – Цапа АД Дебар лани од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности остварил добивка од 17,969 милиони денари, а во истиот период од претходната година имал добивка од 21,662 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните приходи на Друштвото лани изнесувале 203,381 милиони денари и се повисоки за 8% во споредено со истиот период од претходната година.
Вкупните трошоци од редовното работење изнесуваат 181,224 милиони денари и се зголемени за 13% во однос на истиот период претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебарски Бањи-Цапа со намалена добивка во првото полугодие
Дебарски бањи – Цапа ги објави платите и надоместоците на Одборот на директори
Фото: Дебарски бањи – Цапа/Фејсбук