еМагазин
Image default
Бизнис

Европа лани со намалена добивка за 20%

Европа АД Скопје лани остварила нето добивка од 33.478.416 денари и истата е помала во однос на претходната година за 20%, информираат од таму преку Македонската берза.

-Во 2023 година се остварени вкупни бруто приходи во износ од 900.805.086 денари и се зголемени  за 3,6% во однос на бруто приходите од 2022 година.

Вкупните оперативни приходи за 2023 година се зголемени за 6,7% во однос на истите во 2022 година. Останатите приходи се намалени за 35,5%, а кај финансиските приходи зголемувањето е за 10,6% во однос на 2022 година.

Вкупните расходите се зголемени за 5% во однос на минатата година. Оперативните расходи во 2023 година се зголемени за 5%, а финансиските расходи се намалени за 36% во однос на 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа со намалена добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се затвора комплексот „Македонско село“

Редакција

Во два блока продадени акции од „Макпетрол“ за 415.000 евра

Редакција

Струмичко „Единство“ од АД ќе стане ДОО, Берзата го стави на „Листата на набљудување“

Редакција