еМагазин
Image default
Бизнис

Европа со намалена добивка во првите девет месеци

Во првите девет месеци од годинава Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи во износ од 624.073.743 денари и истите се зголемени за 1,1% во однос на  бруто приходите од 2022 година за истиот период, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Вкупните оперативни приходи за 01.01 – 30.09.2023 година се зголемени за 3,1% во однос на истите во 2022 година. Останатите приходи се зголемени за 70%, а финансиските приходи се намалени за  8,9% во однос на 2022 година.

Вкупните расходите се зголемени за 2,3% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01 – 30.09.2023 година се зголемени за 2,2%. Финансиските расходи се зголемени за 33% во однос на минатата  година.

Европа за периодот 01.01 – 30.09.2023 година оствари добивка во износ од 32.669.137 денари и истата е помала во однос на претходната година за 15%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција

Европа со пад на добивката од 68,5% во првиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ планира значајно да го зголеми извозот во Русија и Евроазиската унија

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Стопанска банка Битола за 33.000 евра

Редакција

Нема санкции за гужвите за „Black Friday“, инспекторите не нашле неправилности

Редакција