еМагазин
Image default
Бизнис

Нема санкции за гужвите за „Black Friday“, инспекторите не нашле неправилности

Државниот пазарен инспектор (ДПИ) во петокот, за време на акцијата „Black Friday“ изврши инспекциски надзори во моловите на територија на цела држава. Неправилности и големо отстапување немаше.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти раководителот на Инспекциски надзор Скопје, Мери Проја Продановска, одговарајќи на новинарско прашање колку и какви неправилности имало за време на „Black Friday“.

– Моментално се обработуваат уште некои постапки во делот на попустите што беа забележани на „Black Friday, рече Продановска.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Бухова – Сотирова, пак, изјави дека немаат ингеренции да постапуваат по санкционирање на мерките во однос на почитување на ЛЗО-опрема (лична заштитна опрема) во моловите и сите правни субјекти кои ги инспекторира ДПИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гнев на социјалните мрежи, откако се појавија фотографии со огромни гужви во „Сити мол“ за Black Friday

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови директори во „Водовод и канализација“, МКЦ и Зоолошка градина

Редакција

Весна Кутревска купи акции во Пекабеско

Редакција

Сушата удри по грозјето, тиквешките лозари бараат да се прогласи елементарна непогода

Редакција