еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Гнев на социјалните мрежи, откако се појавија фотографии со огромни гужви во „Сити мол“ за Black Friday

На социјалните мрежи се појавија голем број на реакции откако се споделија фотографии на кои се гледа огромен ред на граѓани кои чекаат за да влезат во продавниците во „Сити мол“ по повод најавените попусти за Black Friday.

„Белград, Загреб и други градови ги преуредија своите спортски Арени во привремени Ковид болници. Ние, ајде да бидеме покреативни, да го претвориме City Mall во Covid Mall.

Ќе може да се сместат илјадници болни, а меѓу убави излози, некако и полесно се дише,“ напиша лекарот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук-профил.

Асоцијацијата на млади специјализанти исто така реагираа.

„Документација за доказ на прашањата зошто толку случаи, зошто нема место во болници и слично.
Желбата за “отворена економија” скапо ќе ја плаќаме,“ напишаа тие на нивниот фејсбук-профил.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели, бараат од Демократски сојуз

Редакција

Министерството за здравство вработува четири државни службеници, плата до 35.496 денари

Редакција

Избега еден од осудените за нападот на пратеникот Зијадин Села во Собранието

Редакција