еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели, бараат од Демократски сојуз

Демократскиот сојуз (ДС) досега неколкупати иницираше постапка за укинување на правата на претседателот и неговото семејство по престанокот на функцијата, но Парламентот тие иницијативи не ги прифаќаше, велат од партијата.

„Со Законот за правата на претседателот по престанокот на функцијата, покрај другото се предвидуваат следните привилегии: пензија во износ на платата што ја примал како претседател, канцеларии, тројца вработени, обезбедување, службен автомобил и возач, како и буџет од над 30.000 евра годишно.

Освен семејството на починатиот поранешен претседател Борис Трајковски, кое оправдано користи само дел од правата, во целост ги користат сите права поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Демократскиот сојуз смета дека без потреба се трошат огромни средства, бидејќи поранешните претседатели не извршуваат никакви активности, ниту им е загрозена личната безбедност, ниту пак нивната поранешна функција имала битно влијание во државата.

Го повикуваме Уставниот суд по службена должност да иницира постапка за укинување на привилегиите на претседателот на Македонија по престанокот на функцијата.

ДС има подготвено измени на законот и истите повторно ќе ги достави до Парламентот,“ се вели во соопштението.

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шекеринска со сопругот и дечиња: Дома си е дома, особено со весело друштво

Редакција

Владата ги повикува опозициските пратеници да не ја блокираат работата на Собранието

Редакција

(Видео) Претреси во Идризово, пронајдени поголема сума пари, мобилни телефони, таблет….

Редакција