еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За 11 од 17. уапсени затворски полицајци има сомнение дека помогнале во бегство на затвореник: Детали од МВР

За пет лица вработени во КПД Затвор Идризово, од вкупно 17 уапсени денеска, постои основано сомнение дека како група, со умисла, во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 ст.2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело, информираа од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени 17 затворски полицајци од Идризово

За 11 лица постојат основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 во врска со чл.22 од КЗ.

-Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, велат од МВР.

За овие кривични дела согласно позитивното законодавство се предвидени затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 од КЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за шест затворски полицајци, а за 11 предистражна постапка за помагање во бегство на затвореник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда и дефинирање на односот со Русија, најави Османи

Редакција

На ќерката која ја задави мајка си во Карпош и се заканува доживотен затвор

Редакција

(Фото) Сопругата на претседателот Пендаровски советува: Избегнувајте маски со вентил!

Редакција