еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приватните специјализанти од денеска во генерален штрајк додека не се исполнат нивните барања

По протестот кој го одржаа во март, приватните специјализанти од денеска стапуваат во штрајк, бидејќи и покрај средбата со претставници на власта, нивните барања не се исполнети.

Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа во износ од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело.

Станува збор за над 400 приватни специјализанти на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина изјави дека денеска повторно ќе се одржи средба во Владата, а штрајкот ќе трае до исполнување на нивните барања.

„Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети,“ изјави Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија рече дека максимално се посветени на работата, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција.

На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместокот.

На протестот специјализантите потенцираа дека тие имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасена првата заложничка од израелската војска

Редакција

Министерот Сали: Рано е да ги укинеме ковид-сертификатите, имаме ниско ниво на вакцинација

Редакција

Годишен раст од 4,3% на вкупните депозити и од 10,1% на вкупната кредитна поддршка

Редакција