еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Сали: Рано е да ги укинеме ковид-сертификатите, имаме ниско ниво на вакцинација

Во интервју за весникот Вечер, министерот за здравство, Беким Сали, вели дека ковид-сертификатите, кои некои земји веќе најавија дека ќе ги укинат, засега остануваат, а сè уште е рано да се зборува за нивно укинување, затоа што нивото на вакцинација кај населението во земјава е многу помало во однос на другите држави.

-Ставот на Комисијата за заразни болести е дека фокусот и натаму треба да остане на зголемување на бројот на вакцинирани, а не на укинување на сертификатите, бидејќи досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана.

Степенот на имунизација кај нас е околу 41 отсто, додека во државите кои ги укинуваат овие сертификати процентот на вакцинација е над 70 отсто. Нашите активности продолжуваат во насока на зголемување на опфатот со имунизацијата како најдобра превентивна мерка.

Целта е да се постигнат барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици, вели Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: Врие од лажни сертификати

Доктор Пановски: „Тргнете ги сертификатите, одложете ја школската година за две недели, нека биде со физичко присуство и без маски“

Фото: Фејсбук/Сали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавното обвинителство ќе ги чисти „спомените“ од Шарената револуција

Редакција

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Монструм“ и повторената постапка за „Триста“

Редакција

Нови 105 случаи на Ковид-19 од 946 тестирања

Редакција