Менталитетот на народот не го научивме. Балканецот е тврдоглав. Кога нешто ќе му забраните, за инает го прави, изјави Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Според него, продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.
-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но, од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, рече Беќаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон
Фото: Беќаровски/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.