еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Промена на времето: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачост, а веќе околу пладне на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични прзнења и град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22, а максималната од 29 до 37 степени.

Во Скопје, слично време со појава на нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Температурата и во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник по што следува период на стабилно време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се менува методологијата за усогласување на пензиите, следната средба во март

Редакција

Директорот на „Макпрогрес“, Цветанов: Цената на енергијата стана пресудна, прашање е дали компаниите ќе опстанат или не

Редакција

Телевизиите 24, Сонце и Наша лани во минус

Редакција