еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започна пријавувањето за велосипедскиот настан за машко здравје „Пуштам БРК, БРКам здравје“ на dm дрогерие маркт

Следејќи ја својата компаниска филозофија која е континуирано насочена кон општествено одговорни проекти, dm дрогерие маркт на 17. ноември (недела) во 11 часот во Градскиот парк во Скопје ќе организира голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје, информираат од таму.

Под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи. Главниот симбол на големото светско движење Movember насочено кон оваа кауза е токму големиот мустаќ кој ќе биде и севкупен знак на настанот на dm дрогерие маркт.

Сите заинтересирани до 10. ноември ќе може да се пријават да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк.

Пријавата е веќе отворена на следниот линк и сите што ќе се пријават и ќе дојдат на самиот настан на 17. ноември во 11 часот кога е означен стартот, ќе имаат шанса да добијат и интересни подароци.

Покрај долгата и помалата рута, на 17. ноември во 11 часот ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигање на свеста за машкото здравје.

Дополнително, неизоставен дел од овој настан ќе биде и дегустацијата на вкусни dmBio закуски подготвени од Симона Коруновска – Instanutriocnist, а ќе биде присутен и бербер кој на секој посетител ќе може бесплатно да му направи брзо средување на мустаќите или брадата. Низ настанот ќе нѐ води познатиот Игор Ангелов, a за музиката ќе се погрижи DJ.

Од компанијата велат дека се надеваат на голем одзив од страна на граѓаните за заедно да работат кон подигање на јавната свест за прашања кои вообичаено не ги ставаме во преден план, зашто статистиките во поглед на многу аспекти врзани со машкото здравје се изненадувачки и евидентно е дека мораме сите заедно да работиме кон развој на дискусијата и свеста за овие прашања.

dm дрогерие маркт ги повикува сите заинтересирани да се пријават за долгата или за кратката рута или пак да дојдат на настанот на 17 ноември на одлична дружба со многу важна кауза!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

Хуманитарецот Али Февзи е Маж на годината во избор на социјални медиуми за 2020 година

Редакција

„Животот е прекрасен“ гостува во Народно позориштe, Белград

Редакција