еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонскиот научник Тања Петрушевска, дел од ново астрономско откритие

Астрофизичарите за прв пат најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата била предводена од тим од Калифорнискиот институт за технологија, а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде во моментов работи Македонката др. Тања Петрушевска, информира Скопското астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Нивното истражување е објавено денеска во престижното списание „Science“.

Постои една класа на експлозии на супернови која што е резултат на колабирање на масивни ѕвезди што изгубиле дел или целата надворешена обвивка на водород и хелиум. Поради тоа тие се наречени ултра-лишени супернови. Губењето на надворешната обвивка на овие ѕвезди може да биде предизвикано од силен ѕвезден ветер или од друга ѕвезда во непосредна близина. Се смета дека повеќето масивни ѕвезди се родени во бинарни системи.

Кога две ѕвезди се наоѓаат многу блиску, материјалот од едната може да прејде кон другата ѕвезда. Кога масивна ѕвезда има компактен објект за придружник, таа може да изгуби толку многу материја, што комплетно ќе ги тргне нејзините надворешни слоеви, оставајќи ја со голо метално јадро. Ако ова јадро е доволно масивно, ќе колабира во слаба експлозија на супернова и при тоа ќе исфрли малку материја. После ова експлозија остануваат две неутронски ѕвезди кои орбитираат блиску една до друга.

– Нашата група на Универзитетот во Нова Горица се спрема за Large Synoptic Survey Telescope, кој со работа треба да започне во 2021 година со траење од десет години. Тоа ќе биде 8.4-метарски телескоп во Чиле и ќе ја има најголемата дигитална камера што некогаш била направена, значи ќе откриваме и следиме експлозии на небото како никогаш порано, истакна Петрушевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Бикини Мун“ на Манчевски имаше кино-премиера во Њујорк

Редакција

Благодарница за „Макпетрол“ за посебен придонес во развојот на клиниката „Св. Наум Охридски“

Редакција

(Фото) Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“, тие нему тегла мед поздрав од Атиџе

Редакција