еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И рокот за замена на регистарските таблици продолжен до крајот на годината

По продолжување на рокот за замена на возачките дозволи со старото име на државата, денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека се продолжува и рокот за замена на регистерските таблици со ознаката “НМК“ до крајот на годината.

-Рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31. декември 2024 година, велат од МВР.

Од таму исто така ги информираат граѓаните и како да се постапат ако со стара патна исправа од граничните полициски службеници бидат спречени да излезат од Македонија.

-Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Јас само да прашам дали ми важи венчаницата без северна„: Твитер реакции за налепниците со НМК, пасошите и возачките

„Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“: Твитер реакции за возачките, пасошите и личните карти со „Северна“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсениот дипломатот Миленкоски сака да му се суди во Македонија

Редакција

Драстичен раст: 1.197 нови случаи на Ковид-19 од 7.483 тестирања

Редакција

Докторот Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар

Редакција