еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кавадаречки ГМЛ сака целосно да ја преземе РЖ Економика, нуди 50 денари по акција

Друштвото за производство, трговија и услуги ГМЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци сака да ги купи сите обични акции на Рудници и железарница (РЖ) Економика, акционерско друштво за трговија, финансиско посредување, изнајмување на имот и деловни активности – Скопје.

ГМЛ е најголемиот акционер во РЖ Економика, каде поседува 40,04% од вкупниот број на акции.

За купување на останатите 320.925 акции нуди 50 денари по акција.

Компанијата доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за старт на постапката, односно дозвала за давање на понуда за преземање.

Во понудата за преземање на ГМЛ не е утврдена најмалата количина на акции, според која понудата би се оценила како успешна.

ГМЛ е основана во 2007 година со основна дејност – трговија со индустриски машински делови. Со производство почнала во 2012 година.

РЖ Економика се занимава со трговија на големо и мало на резервни делови, а изнајмува и деловен простор и дава услуги од областа на сметководствено-финансиското советување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГМЛ од Кавадарци купи нови акции на скопска РЖ Економика

РЖ Економика во загуба во првото полугодие

Илија Илиев реизбран за член на Одборот на директори на РЖ Економика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцина против коронавирус ќе биде тестирана најрано во април

Редакција

(Фото) Како ги минува Ѓорѓе Иванов последните денови како претседател?

Редакција

Изрешетан полицаец во Велес

Редакција