еМагазин
Image default
Бизнис

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

Како резултат на постојаните напори за подобрување на условите за своите вработени, „КАМ“ повторно ја доби наградата за најпосакуван работодавач во категоријата маркети во Македонија која ја доделува vrabotuvanje.com.mk, информираа од таму.

Манифестацијата замислена како „Оскари“ за работодавачите „Работодавач на годината“, се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје, каде јавноста ги одбра најпосакуваните компании за вработување во 2024 година, при што наградите се доделуваа врз основа на јавната анкета која се спроведуваше цела година.

– Оваа награда ни е од големо значење, што ни дава знак дека одиме во вистински правец при креирање и надополнување на нашата компаниска стратегија. Како компанија имаме точки кои ни се приоритет во секоја активност, а сатисфакцијата на вработените е една од приоритетните, што понатаму резултира и со задоволството на потрошувачите.

Секој член на нашето големо КАМ семејство е суштински дел од компанијата. Тој однос постојано го негуваме со цел заедно да растеме, велат од менаџерскиот тим на КАМ.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените преку зголемување на платите и бенефициите, како и постојани обуки за професионален и личен развој на вработените, посочуваат од таму.

Организаторот најавува дека наградите ќе продолжат да се доделуваат секоја година, со цел да бидат мотив, признание и потврда дека Македонија има вистински добри работодавачи кои знаат и умеат да ги градат и почитуваат вистинските вредности, а со тоа и да бидат пример на пазарот за труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Општина Битола за набавка на масло за горење вреден 687.000 евра

Редакција

Одлуката за осигурување на автомобили е еднострана и штетна за бизнис секторот и економијата во државата, сметаат од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 70.942 денари убедливо на врвот

Редакција