Бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани од куќен притвор во Скопје, е во фокусот на јавноста.
Тој најверојатно е веќе во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, е веќе во Косово?
Пред да заврши во куќен притвор, откако беше уапсен на граничниот премин Јажинце на македонска страна, Рамадани беше во Истражниот затвор Скопје (Шутка).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој беше уапсен по потерница од Србија, која го сомнични за воени злосторства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сакам да кажам објави дека судијата Пајазит Пајазити го пуштил во куќен притвор, а истиот судија како што објави порталот „го спаси од затвор и Иџет Мемети„, поранешниот народен правобранител кој се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и призна дека земал мито.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Иџет Мемети, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството
Пајазити е заменик на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и тој е еден од судиите според СДК кој ја прифатил предлог-спогодбата на Обвинителството во случајот со Мемети.
Истиот судија на претходна постапка не одреди притвор ни за групата која упадна во Контролната кула на Скопскиот аеродром на почетокот на јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Пајазити/Фејсбук