На 51-годишна возраст синоќа ненадејно почина Александар Јовиќ, тренер на Ракометниот клуб Пролет од Скопје и поранешниот македонски ракометен репрезентативец.
Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина, а најголемиот дел од неговата кариера како ракометар и тренер ги помина во Македонија.
Во македонската ракометна репрезентација играше и на Светското првенство во 2009 и на Европското првенство во 2012 година.
Како ракометар играше за ракометните клубови Јафа Промет, Вардар, Пелистер и Металург.
Тренер беше во Металург 2, Металург, Еурофрам Пелистер 2 и Пелистер.
Фото: РК Пролет
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.