еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Полски автори ќе гостуваат во Градската библиотека „Браќа Миладиновци”

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“, информираат од Градска библиотека.

Разговорот со авторот ќе го води проф.д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје.

„На настанот закажан за 13. мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.

На 16. мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Р. Полска е токму  ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” – Скопје. Настаните се со превод на македонски јазик,“ се вели во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво: Старите лица од „Мајка Тереза“ изработиле 100 заштитни маски за здравствените работници во Дебар

Редакција

(Фото) Тоше Проески конечно ќе добие пристојно почивалиште, еве како ќе изгледа

Редакција

РФМ собра 1.372.550 денари за „СОС Детско село“ од билетите за хуманитарниот ракометно-музички спектакл

Редакција