еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Производите од „Али Експрес“ со Еко Логистик стигнуваат брзо и сигурно до домовите на купувачите

Ако порано пратките од Али Експрес (шопинг платформата за малопродажба со седиште во Кина), од нарачка до достава се чекаа со месеци, сега она што ќе се порача преку оваа платформа, брзо и безбедно стигнува до врата кај македонските купувачи.

Ова се случи откако доставата за пратките на Али експрес во јуни годинава ја презеде најголемата приватна пошта во Македонија која ги поседува сите домашни и интернационални лиценци, Еко Логистик Сервис (ЕЛС), која има полни раце работа, со оглед на тоа што македонските граѓани редовно ја користат платформата Али Експрес како начин за купување најразлични производи по пристапни цени.

За да ги задоволи потребите на зголемениот број достави, ЕЛС ги зголеми и капацитетите, па во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи. Достава се врши и во попладневните часови.

„Доставата од Али Експрес ја вршиме буквално во секој град и во секое село во Македонија, без исклучок. Процесот тече континуирано, брзо и без проблеми. Но, она што е најважно е сигурноста, која е на исклучително високо ниво.

Ние сме единствената приватна пошта кај која процесот на достава се одвива преку добивање безбедносен код, кој на купувачот му стигнува на телефонскиот број во моментот кога пратката ќе биде во негови раце, со цел да се избегнат какви било манипулации“, велат од ЕЛС.

За ова, компанијата неодамна доби признание за успешна достава од Али Експрес во кое се наведува:

„Според мерењата што ги правиме на дневна основа, од јуни до ноември, Вашата компанија Еко Логистик Сервис е пошта со најбрза и најдоверлива достава на пратки со код, со тоа што партнерите се чувствуваат сигурно во процесот на достава, без можност за манипулации“.

Од ЕЛС апелираат граѓаните при нарачувањето од Али Експрес да ги оставаат нивните точни адреси и телефонски броеви, со цел доставувачите да можат да ги контактираат. Доколку кој било граѓанин се соочува со доцнење на пратката, може да се обрати на телефонските броеви 15 990 или 13 990 или пак да пише на електронската адреса [email protected].

Секоја пратка може да се следи на веб страницата на ЕЛС, www.els.mk, во делот „следење на пратка со сериски број“, каде јасно е наведено кога пратката е влезена во земјава, а кога е во рацете на курирот.

Од ЕЛС велат дека интересот кај граѓаните за нарачките од кинеската онлајн шопинг платформа е огромен и дека тие најчесто нарачуваат накит, опрема за домот, спортска облека, маски за телефони, техничка опрема, реквизити за вежбање, опрема за домашни миленици итн.

Од најголемата приватна пошта во Македонија, ЕЛС, за следниот период најавуваат и други новини со кои граѓаните ќе имаат можност да купат производи од странство по пристапни цени.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 45 заразени со Ковид-19 од 552 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Редакција

НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит – Мклик кредит

Редакција