Бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим билдинг“ се откажал од кривичен прогон на Бојан Јовановски Боки 13, за случајот „Меѓународен сојуз“, објави skopje1.mk.
Тој нема да бара ни оштетно побарување.
Амзоски сега смета дека Јовановски воопшто не е виновен. Адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ, за порталот вели дека Јовановски и Амзоски склучиле спогодба.
„Адријан Амзовски се откажа од оштетно побарување и од кривичен прогон, бидејќи врз основа на граѓанската пресуда склучил спогодба со Бојан Јовановски да му бидат вратени парите и истата е делумно исполнета и верува дека ќе биде исполнета во целост“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.
Судењето за овој случај неодамна почна од почеток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казната на Боки 13 за „Рекет“ намалена од девет на четири години
На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“
Фото: Боки 13/Фејсбук