Македонската пејачка Бојана Скендеровски го демантира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), во чие истражување таа беше посочена дека земала хонорар од 13 илјади евра за настап на манифестицијата „Неготинска вечер“ во Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои македонски пејачи добиле највисоки хонорари од општините
Таа на Фејсбук објасни дека таа сума се однесува за настапот на 13 пејачи од проектот „Македонијо, во срце те носиме“, но и за хонорарот за музичарите и целата техничка подршка, а не само за нејзе.
Скендеровски е менаџер на проектот.
Во објавата вели и дека таа сума никогаш за себе лично во моментов не би можела да ја добие, не само таа, туку било кој нејзин колега.
-Жално е што 13 популарни македонски изведувачи заедно со инструменталисти и техничка подршка чинат половина цена од еден наш популарен колега од соседството, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Промо