еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Венера Латифи Азизи е нова портпаролка на Владата

Поранешната новинарка Венера Латифи Азизи е именувана за нова портпаролка на Владата.

Владата досега немаше портпарол, а дали на оваа функција ќе биде само Азизи ќе биде познато наскоро. Вообичаено има двајца портпароли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Марија Митева ќе биде портпарол на Владата

Латифи Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М телевизија, уредничка во весникот Коха, А1 телевизија и други медиуми.

Моментално е вработена во Кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста.

Таа е дипломиран политиколог на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Фото: Фејсбук/Латифи Азизи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието треба да расправа за интерпелација на министерот Спасовски

Редакција

Зделка на Оилко со Макпетрол од 557,6 милиони денари

Редакција

Промена на времето: До понеделник суво и топло, од вторник заладување

Редакција