Синоќа повторно вандализам во скопската населба Капиштец. Група малолетници кршеа шишиња, палеа петарди и предизвикуваа тепачки и директно го загрозија јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.
„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага.
Очекуваме брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. Малолетниците кои се вклучени во вакви дејства, како што е вандализмот, често не се свесни за последиците од своето однесување. Ова не само што им наштетува на другите, туку можат да се повредат и тие самите,” вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Видео: Општина Центар