Во акција на македонската и косовската полиција е откриена ковачница за лажни монети евра, информираа од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР).
Во рамки на акцијата вчера на косовска територија е приведено лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Тој е привден поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“.
При претреси на три локации се пронајдени и одземени две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети.
-Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење, информираат од таму.
Видео: МВР