По сведоштвото на актерката Милена Радуловиќ и нејзината колешка Ива Илинчиќ проговори за злоставувањата од страна на „угледниот“ професор по глума Мика Алексиќ.
Илинчиќ е актерка на Белградски драмски театар, а прв пат била злоставувана на 17 години, следувал период на пауза до 18 година, а потоа продолжило.
„Не бев силувана, за среќа немам такво искуство, но бев континуирано сексуално вознемирувана. Шест години молчев, негирав, никому ништо не кажував. Кога ми се случи прв пат си реков: Мика ми е како татко, невозможно е ова што се случува. Но и да се случува тогаш ме јакне, сака да ме подготви за суровиот свет на режисерите и продуцентите,“ вели Илинчиќ во исповедта за „Блиц.рс“
Илинчиќ е убедена дека злоставувањата од страна на професорот започнале многу порано од случаите со нејзе и Милена, која ја мотивирала да проговори. Вели дека познава девојки кои се уште не се спремни да зборуваат.
По исповедта на Радуловиќ, Алексиќ е во притвор и против него се подготвува обвинение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Инстаграм/Илинчиќ