еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вчера изгаснати 32 пожари, три сѐ уште активни

Вчера на територијата во земјава имаше вкупно 35 пожари, од кои 32 пожари се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Три пожари остануваат и понатаму активни, и тоа во Општина Долнени, со два активни пожари, каде што гори ниска вегетација деградирана шума и Општина Лиипково, каде што исто така гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.

ЦУК информира дека изгасени се 32 пожари на следните локации: Општина Петровец 1: с.Горно Коњари (ниска вегетација), Општина Бутел 1: с.Раштак (ниска вегетација), Општина Карпош 1: с.Бардовци (ниска вегетација и ѓубре), Општина Шуто Оризари 1: ул. Македонско Косовска Бригада (ниска вегетација), Општина Битола 1: с.Брод (ниска вегетација), Општина Долнени 3: с Пешталево (ниска вегетација), с.Житоше( ниска вегетација), с.Лажани (ниска вегетација), Општина Прилеп 2:
кругот на ф-ка „11 Октомври“ (ниска вегетација и ѓубре)  с.Клепач (ниска вегетација, Општина Кривогаштани 1: с.Славеј (ниска вегетација), Општина Радовиш 1: с Јаргулица ( ниска вегетација), Општина Гевгелија 1: м.в.Сува река (ниска вегетација), Општина Охрид 1: кај градски гробишта (ниска вегетација), Општина Струга 2: с.Долна Белица (ниска вегетација и грмушки), с.Калишта (ниска вегетација), Општина Гостивар 2: с. Долна Ѓоновица (ниска вегетација и ниска шума), с.Турчане (ниска вегетација), Општина Желино 1: с.Добарце ( депонија), Општина Тетово 2: помеѓу селата Лавци и Ѓермо (ниска вегетација и грмушки), помеѓу селата Орвич и Ново Село (ниска вегетација и грмушки), Општина Карбинци 1: с.Крупиште (ниска вегетација), Општина Кочани 1: с.Грдовци (ниска вегетација), Општина Чешиново – Облешево 1: с. Жиганци (ниска вегетација и стрниште), Општина Велес 1: с.Црквино (ниска вегетација и ѓубре), Општина Чашка 1: с.Орешје (ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума), Општина Кавадарци 1: с.Дреново (ниска вегетација и ниско стеблеста шума), Општина Росоман 1: с.Рибарци (ниска вегетација и ниско стеблеста шума), Општина Куманово 2: с.Градиште (ниска вегетација) помеѓу населба Карпош и с.Никуљане (ниска вегетација), Општина Липково 1: с.Ваксинце (ниска вегетација и стрниште) и во Општина Старо Нагоричане 1: с.Бељаковце и с.Стрезовце (ниска вегетација и ниско стеблеста шума).

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Автонова“ го доби тендерот за набавка на две комбиња за затворот „Идризово“ вреден 49.000 евра

Редакција

Алкалоид со раст на добивката и приходите во првите девет месеци

Редакција

Во пресрет на летото: Македонки со секси деколте

Редакција