еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Јавноста шокирана: Приказната на актерката Милена Радуловиќ за силувањето од страна на „угледниот“ професор по глума Алексиќ го крена Балканот на нозе

Српската актерка Милена Радуловиќ на нозе ја крена најпрво српската, а потоа и балканската јавност откако јавно проговори за нејзиното сексуално злоставување од страна на „угледниот“ професор по глума и сопственик на училиште за глума, Мирослав Мика Алексиќ.

Во нејзината приказна таа откри дека зборува во името на сите малолетни злоставувани девојчиња кои го посетувале ова училиште, кое повеќе од 30 години функционира во центарот на Белград на Кнез Михајлова.

Како што сподели со јавноста Радуловиќ, Алексиќ ги намамувал девојчињата и имал развиено цел еден систем за да го скрие своето злосторство.

Младата српска актерка упати порака до сите оние кои сега можеби се мајки или зрели жени, да го пријават случајот во Обвинителство каде што веќе се формира обвинение против Алексиќ и кого српското МВР веќе го приведе.

Регионот е згрозен од овој ужас, а реакции со знак на поддршка кон Радуловиќ стигнуваат од сите страни.

„Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор.

Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи! Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже!

Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност.

Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија.

Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства.Тоа се бројките!

Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се)… ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност.

Браво за Милена и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. Не пукнавте со наслови (читај интервјуа) за полусветови!, #stoppedofilia“ напиша македонската актерка Весна Петрушевска на нејзиниот фејсбук-профил.

Сведоштвото на Радуловиќ, можете да го прочитате ОВДЕ.

Фото: Инстаграм/Радуловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кинеското вселенско летало „Чанг 5“ успешно слета на Месечината

Редакција

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

Редакција

МВР купува маици со јака за полицајците

Редакција