еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Поврзаноста на генетиката и болестите, мит или вистина

Интересна е поврзаноста на генетиката и болестите. Дали е заблуда дека болестите се наследуваат со гените? Дали гените ни создаваат предиспозиции за некои болести, и дали нив ги наследуваме со раѓањето. На оваа тема постојат чести заблуди, но што вели науката.

Според еден од врвните експери во областа, доктор на науки по генетика,  д-р Роберт Јаневски реалноста е малку поинаква. Односно едно лице може да има предиспозиции за одредена здравствена состојба, но дали таа ќе се развие, кога и колку првично зависи од неговиот живот, грижата за себе и своето здравје.

Односно не треба да се запостави влијанието на надворешни влијанија (посебно тешки метали) кои може да предизвикаат физичка блокада или оневозможување на експресија на одреден ген. Тој го истакнува влијанието на епигенетиката, односно влијанието од начинот на живот и околината врз нашите гени.

Нездравата исхрана, стресот, прекумерното изложување на сонце и загадувањето може да ги оневозможат  или „исклучат“ младите гени, што резултира со видливи знаци на стареење или појава на одредени болести.

Па така дали некој ген ќе си ја врши својата работа, дали ќе функционира зависи од многу надворешни фактори. Изложеноста на тешки метали може уште од млада возраст да биде причина за невозможност на експресија на гените, односно тие да ја изразат својата природна предиспозиција.

Тоа е причината дури и еднојајчани близнаци кои имаат иста, идентична ДНК, да стареат различно, бидејќи имаат различен начин на живот.

Кои се научните и стручните објаснувања за гените, можете да дознаете во најновото издание на интернет платформата #НаучноДокажано

Нова интернет платформа #НаучноДокажано е место за споделување на научно докажани информации за здравјето, исхраната, спречувањето болести, место каде ќе се разјаснат многу заблуди и митови поврзани со здравјето и исхраната и каде ќе се споделуваат многу интересни и нови научни сознанија како со храната и природни состојки до подобро здравје, виталност и долговечност.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Солариумите во Македонија преплавени од матурантки, лекарите реагираат -кварцањето е штетно!

Редакција

78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место

Редакција

Двајца пациенти повредени во сообраќајката, се уште во критична состојба

Редакција