еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Предизборно видео на Вучиќ кое ќе ве насмее: Се вози во неговата „шкода“ и се воодушевува на патиштата што ги направил

Српските медими јавија дека за 44 денови изборна кампања во Србија, претседателот Александар Вучиќ имал вкупно 46 директни обраќања.

Познат по „урнебесните“ видеа и спотови за изборни кампањи и овој пат снимаше видео кое ќе ве насмее.

Имено, се вози во неговата „шкода“, за која што вели дека е стара 17 години, се воодушевува на патиштата, убавината на Србија, ги поздравува работниците, коментира за сообраќајни прописи и се забавува на музика на радио.

Инаку, во Србија на полноќ почна изборниот молк во пресрет на републичките, покраинските, белградските и локалните избори, а ќе трае до затворање на гласачките места в недела на 17. декември во 20 часот.

Очекуваниот одѕив на гласачите е 56,4 отсто, покажува анкетата објавена синоќа, спроведена од агенцијата ИПСОС. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија (СПП) на претседателот Александар Вучиќ има поддршка од 44,6 отсто од анкетираните.

По неа следи проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“ со 23,6 отсто поддршка, додека листата Ивица Дачиќ – премиер на Србија се очекува да освои 8,7 отсто од гласовите.

Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот претседател има највисока плата меѓу колегите во регионот, на кое место е Пендаровски

Редакција

Вучиќ за гласањето за влез на Косово во Интерпол: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас

Редакција

Обвинителството во Белград ја отфрлило кривичната пријава на Данијела Штајнфелд против Бранислав Лечиќ, која таа ја поднесе за силување

Редакција