еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Хаос во Букурешт: Прорускиот десничар Калин Георгеску доби забрана да учествува на претседателските избори во Романија

Прорускиот десничар Калин Георгеску (62) доби забрана да учествува на претседателските избори во Романија, по што во главниот град Букурешт настана хаос.

Одлуката да се отфрли неговата кандидатура ја донесе Централното изборно биро (ЦИБ).

Во декември лани пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори, романскиот Уставен суд ги поништи резултатите од првиот круг, откако Георгеску освои најмногу гласови, посочувајќи за руско мешање на изборите во негова полза.

Георгеску одлуката на ЦИБ ја опиша како удар во срцето на демократијата и изјави дека Европа е сега диктатура и дека Романија е под тиранија.

Фото: Георгеску/Фејсбук/видео: FRANCE 24 English/Daily Romania/X

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки државјанин починал во казино во Битола

Редакција

Топ пет највисоки плати во Македонија

Редакција

„Дека“ е Мира Дизел?

Редакција