Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) освои злато во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз, победувајќи го во финалето Карлос Алкараз со 2:0.
Оваа е прв златен медал за Ѓоковиќ. На Олимпијадата во Пекинг во 2008 година тој освои бронзен медал. Олимпиското злато беше единственото достигнување кое му недостигаше во неговата кариера, во која има 24 титули на Грен Слем турнири.
What a victory !!
What a rivalry !!Oldest at 37 to win a Tennis Olympic Gold !!#DjokovicAlcaraz #Olympics2024 #NovakDjoković #Alcaraz pic.twitter.com/75ftDwYGjP
— raka (@rakeshkhajuria) August 4, 2024
Со овој триум тој го оствари т.н Голден слем во кариерата, односно ги освои сите четири Грен слем и олимпиското злато. Досега во историјата на тенисот во тоа успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.
Men who cry ❤️❤️
Congrats #NovakDjoković, gold looks good on you!🥇 https://t.co/XlmJmZRm7g
— Prayag (@theprayagtiwari) August 4, 2024
Фото: Принтскрин видео