еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потпретседателот на Европската комисија, Борел доаѓа во Македонија на 16 март

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на 16 и 17 март ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија.

Борел, како што е најавено, најпрво на 16-ти март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а во петок на 17-ти март ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи.

По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Македонија.

Борел претходно неделава на 15 и 16 март ќе ја посети Албанија, каде како што е најавено ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, пред да претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија на 16 март.

Овие посети, како што е најавено, ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сузбиенa организиранa криминалнa групa од Охрид и Струга, инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје

Редакција

ГМО-лобито ја „превоспитува“ Владата?

Редакција

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Редакција