Државниот авион со кој македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова требаше да лета за Париз, Франција, е со дефект од 3. декември, а истиот последен го користел претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши за лет до Стокхолм, Шведска, објави Сакам да кажам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На аеродромот во Стокхолм е утврдена неисправност на едниот од двата инструменти кои покажуваат температура на издувните гасови од моторите. Нов инструмент стигнал на 4. декември и по неговата замена и проверка, авионот е вратен во Скопје.
Владиниот „лирџет 60“ кој често има дефекти е произведен е во 2004 година во Вичита, Канзас, САД, во фабриката на „Бомбардиер аероспејс“ и и е во сообраќај од јануари 2005 година. Според перформансите тој е бизнис авион со долет на средни линии, односно од Скопје и Охрид може да лета низ Европа и до Блискиот исток, но не и на прекуокеански летови, пишува СДК.