Светот е згрозен откако вчера во Појасот Газа се убиени најмалку 112 Палестинци додека чекале да добијат хуманитарна помош.
Бројката ја соопшти тамошното Министерство за здравство.
Како што пренесуваат светските медиуми дел од нив биле прегазени од камиони кои носеле помош и од толпата цивили по хаосот кој настанал откако врз нив од тенкови почнале да пукаат израелските сили.
Израелската војска потврди дека војниците пукале кон некои цивили оти мислеле дека се закана.
Нема независна потврда дека цивилите биле и гранатирани.
Let's look at this footage with sound and without the filter that makes people look like insects. https://t.co/DEfSX0Oc4g pic.twitter.com/uM89TY7ubZ
— Esha K (@eshaLegal) February 29, 2024
Повредени се најмалку 760 лица.
Социјалните мрежи се преплавени со видеа на кои се гледаат телата на починатите кои се товорат на камиони.
Од почетокот на војната Израел уби повеќе од 30.000 Палестинци, од кои 21.000 се деца и жени.
Околу 7.000 други се водат како исчезнати, а 70.450 се згрижени поради повреди во изминатите четири месеци.
Видео: Твитер/The Times and The Sunday Times/Al Jazeera English