еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Сиљановска Давкова во Њујорк се фотографираше со Бајден, со кој сѐ имаше средба

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводеше македонската делегација на Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк присуствуваше на прием за шефови на држави, организиран од американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил.

Од таму, како и сите државници од регионов на социјалните мрежи објави и заедничка фотографија со нив.

Средба пак имаше со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој му посочила дека во случајот со македонската евроинтеграција не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската Унија (ЕУ).

-Благодарност за неговата солидарност поради пречките со коишто сме соочени и принципиелниот став дека нашата евроинтеграција, целосно заслужено, треба да се случи колку што е можно побрзо, стои во информацијата од нејзиниот Кабинет за таа средба..

Македонската претседателка во Њујорк оствари и средба со Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.

Од него, како што информираа од нејзиниот Кабинет побарала засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на преговорите со ЕУ.

Таа имаше и средба со администраторот на програмата УНДП на ОН, Ахим Штајнер, со Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и со шефовите на делегациите на земјите од Западен Балкан, како и со извршната директорка на ОН Women, Сима Бахус.

Разговор на маргините на Собранието имала и со словенечкиот премиер Роберт Голоб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од говорницата во ОН Сиљановска Давкова побара праведно деблокирање на преговорите со ЕУ

Сиљановска Давкова ќе се обрати на Генерално Собрание на ОН во Њујорк, кој друг е во македонската делегација

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зарем има некој што верува дека ВМРО-ДПМНЕ навистина ќе го поништи Договорот од Преспа?

Редакција

11 починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 8.747

Редакција

Регистрирани 525 прекршоци за неносење на маски

Редакција