еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Глобален настан Климатон во Охрид: Зголемена соработка и заеднички активности неопходни за борбата со климатските промени

Заедничка акција, поврзување и интензивирање на соработката со сите релевантни чинители за навремено и соодветно справување со климатските промени, беше во фокусот на глобалниот настан Климатон, што се одржа во Охрид.

На настанот за клучните предизвици и решенија зборуваа претставници од академската заедница, меѓународни експерти, претставници од институциите, од реалниот сектор и претставници на дипломатскиот кор.

Во рамките на Климатон преку стручни презентации и дискусии беше потенцирана потребата од интензивирање на соработката за успешно справување со климатските промени. Едногласно беше заклучено дека за ублажување и адаптација со климатските промени неопходно е Националните климатски планови да бидат приоритетни за да се постигне целта на Рамковната конвенција на Обединети нации за климатски промени.

Покрај тоа беше акцентирана потребата за усогласување на домашното законодавство за оваа област со регулативите на Европската унија и нивното доследно спроведување на локално и централно ниво. Меѓу другите приоритети беше спомената и потребата од меѓудржавна соработка за намалување на ризиците и заканите од климатските промени во регионот, особено со околните држави.

Активностите на индустријата во насока на ублажување на климатските промени и имплементација на технологии кои ќе помогнат за побрза адаптација беше една од темите на настанот. Своите активности на Климатон ги презентираше и ТИТАН УСЈЕ.

Како членка на групацијата ТИТАН, УСЈЕ имплементира напредна агенда на исполнување на групациската цел за нула-CO2 емисии до 2050. За реализација на оваа цел се инвестира во низа активности. Во рамките на конференцијата д-р Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и АГ во УСЈЕ ги акцентираше достигнувањата и моделите на чија имплементација и надоградување се работи во континуитет.

УСЈЕ инвестира во оптимизација на производниот процес преку имплементација на иновативни дигитални решенија и употреба на вештачка интелигенција. Развојот на формули за нови „зелени“ цементи и ко-преработка на алтернативни горива веќе даваат првични резултати со користење на нуспроизводи и намалување на отпадот што се одлага на депониите, во духот на циркуларната економија. Оваа синергија недвосмислено  води кон намалување на емисиите на CO2 и постигнување на целите за декарбонизација на УСЈЕ и на групацијата Титан, како и на  националните цели за ублажување на климатските промени.

Експертите на настанот потенцираа и дека од голема важност е навременото отворање на дијалог за поглавјето 27, во рамките на процесот на пристапување кон ЕУ, кое е посветено на заштитата на животната средина, како и зголемувањето на финансирањето од националниот буџет за поголема поддршка на акциите за ублажување и прилагодување на климатските промени.

На зголемување на финансиските ресурси за реализација на овие цели упатуваат Конвенцијата на ОН, протоколот од Кјото и Договорот од Париз.

Настанот го отвори градоначалникот на Охрид кој ги поздрави присутните, а Климатон во исто време се одржа и во Њујорк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавен трејлерот од комедијата со Сашко Коцев и Јелена Јованова, „Нешто слатко“

Редакција

(ВИДЕО) И вицепремиерот Груби се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Редакција

Американците соборија трет неидентификуван објект за три дена

Редакција