еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Давкова ја потпиша заклетвата со уставното име, што е знак дека ја прифатила реалноста, велат од „Вреди„

Со реакција за неупотребата на уставното име за време на заклетвата од страна на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, се јавија и од коалицијата „Вреди“, потенцијалниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ за нова влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска Давкова не употреби „Северна“, ама ја потпиша изјавата со уставното име

Од таму порачуваат дека на Македонија не и треба отварање на стари рани.

-Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, велат од „Вреди“ и меѓудругото изразуваат загриженост што емоциите од кампањата влијаеле на рационалноста во првите чекори во реалната политика.

-Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата. Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по уставно право, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ

Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР

Европска унија реагира зашто Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавени уште тројца

Редакција

Обвинителство ја „чешла“ фирмата која ги ангажирала градежните работници кои загинаа во Шипковица

Редакција

Електродистрибуција ги извести институциите за компаниите кои треба да се вратат од регулиран на отворен пазар на струја

Редакција