Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид освоија бронзени медали на Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), информираа од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).
Достоен резултат постигнаа и другите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе.
Тимот е предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Европска олимпијада по информатика за девојки се одржува од 21 до 27. јули во Велдховен, Холандија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно злато и две бронзи за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада
13-годишниот Дарјан Мирчевски освои златен медал на математичката олимпијада “Коперникус” во САД
Фото: ЗИМ