еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денеска може да се информирате за упис на додипломски и постдипломски студии во Словенија

Факултетот за општествени апликативни студии во Нова Горица (ФУДШ) (www.fuds.si) и Факултетот за информатички науки (ФИШ) (/www.fis.unm.si) денеска во 19 часот во хотел Солун ќе одржи ИНФОДЕН како единствена можност да се запознаете со предностите за додипломски и постдипломски студии на нивните факултети во Словенија.

На средбата ќе говори деканот на Факултетот за општествени апликативни студии, професор д-р Борут Рончевиќ.

Миа Кениг, студент на постдипломски студии на ФУДШ од Македонија директно ќе се вклучи од Словенија со цел поблиску да ги запознае заинтересираните со можностите за кариерен развој како постдипломец на Факултетот.

Студиските програми на ФУДШ и ФИШ се рангираат меѓу најпопуларните за македонските студенти поради можноста за бесплатно студирање на додипломските и постдипломските студии.

Една од предностите на овие факултети се иновативните методи на настава, современите истражувачки проекти, целосната и безрезервна поддршка од страна на професорите и подготовката на студентите за глобалниот пазар на труд. Институциите се дел од интернационални проекти кои придонесуваат за збогатување на целокупната академска програма за идните студенти.

Во академска година (2024/2025) достапни се два развојно истражувачки проекти Twin Synergies, дел од престижната програма Horizon Europe за зајакнување на учеството и поттикнување синергии во земјите, со посебен фокус на зелената и дигиталната трансформација.

Додека „Кулинарска историска патека на етничката и локалната кујна во регионот на Дунав” цели преку локалната кулинарска традиција и ревитализација на туризмот, да се придонесе за промоција на локалниот економски развој, до создавање работни места и до поттикнување на штедливи и социјални иновации.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет пати поголеми, пет дена забава – петти роденден на Капитол мол од 12 до 16 декември

Редакција

(Фото) Единаесетгодишниот планинар Бошев го искачи врвот Стефани, на планината Олимп во Грција

Редакција

Владимир Мандичевски-Манде ја промовираше својата прва книга „Јас пратеник“

Редакција