еМагазин
Image default
Бизнис

Домаќинското осигурување е деловен партнер во секојдневниот живот

Едно нешто денес го знаеме со сигурност: чувството на безбедност е непроценливо. И затоа не треба да не’ изненадува тоа што во денешницата домаќинското осигурување е многу повеќе од обична полиса или парче хартија. Затоа што тоа претставува основа за безгрижен живот, гаранција дека домот, светилиштето каде се создаваат спомени, се градат соништа и се поминуваат најинтимните моменти, е заштитен од непредвидени ситуации.

По долг ден на работа, никој не сака да се врати дома и да види поплава поради истечена цевка. Никој не сака  да дознае дека силен ветер ја оштетил фасадата на домот. Ова се реални сценарија кои можат да се случат во секој момент. Добро е домот да биде целосно осигуран од вакви ризици.

Човекот има природна потреба да се чувствува сигурно и спокојно во својот дом. Според психолозите, стресот предизвикан од губење на домот или негово оштетување е меѓу најголемите предизвици за менталното здравје. Зошто би дозволиле неочекуваните ситуации да го нарушат мирот?

Во време на неизвесност, инвестирањето во осигурување е инвестирање во мир. Колку вреди здравјето и спокојот? Многу. Со само еден мал чекор а тоа е склучување полиса за осигурување се создава еден вид „емотивна бариера“ против сите оние стравови кои можат да се појават од ненадејни неприлики.

Домаќинското осигурување е и инструмент за предвидливо финансиско планирање. Во моменти кога се случуваат непредвидени настани, без осигурување, човек може да се соочи со огромни трошоци кои лесно можат да ги нарушат финансиските планови за годината, па дури и да ја уништат финансиската стабилност на целото семејство.

Сигурноста која доаѓа со домаќинското осигурување овозможува да се предвидат и минимизираат потенцијалните трошоци кои може да ги носат ненадејните настани. Ова е особено важно ако имате бизнис од домот, или ако имате мали деца или постари членови на семејството за кои е потребна грижа. Финансискиот мир е повеќе од само бројка, тоа е чувство на стабилност, кое дава слобода.

Во морето на различни понуди, важно е да се знае што точно се бара од осигурувањето. Истражувањето на различни опции и консултирањето со стручни лица може да помогне да се направи информиран избор кој ќе одговара на уникатните потреби.

Домаќинското осигурување не е само за тековна заштита, тоа нуди долгорочни придобивки кои стануваат видливи со текот на времето. Како што вложувате во сигурноста на домот денес, се создава долгорочна заштита за иднината и се намалуваат финансиските шокови кои може да ги донесе утрешниот ден. Со домаќинско осигурување, иднината не е само сон, туку реалност на која можете да се потпрете.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Дождот го поплави и Ист Гејт, молот затворен

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“

Редакција

Лани во декември годишен раст од 7,8% на вкупните депозити и 8,3% на вкупните кредити

Редакција