еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕКО Маскенбал во Рамстор мол

Дали сте подготвени? Притигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот!

На огромно задоволство на сите дечиња, Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, традиционално и оваа година го организираат најзабавниот ЕКО Маскенбал!

ЕКО Маскенбалот оваа година ќе се одржи на 1. април во 18 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе се забавуваме!

Сите дечиња кои се заинтересирани ќе можат да земат учество во ЕKO Маскенбалот со изработка на ЕКО маска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали коишто може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.

Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2024, или најдоцна 1 час пред почетокот на настанот на 1 април на самото место на одржување на настанот.

Трите најкреативни маски ќе добијат награди – вредносни ваучери за отварање на детски депозит од Шпаркасе Банка. За прво место од 7.000 денари, за второ место – од 5.000 денари и за трето место – 3.000 денари.

Разбудете ја креативноста на вашите најмили, подигнете ја еколошката свест, забавувајте се при изработката на маските, бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1. април во Рамстор Мол!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во август dm дрогерие маркт реализираше донации во вредност од околу 600.000 денари

Редакција

Новогодишна елка на желби во Рамстор Мол

Редакција

(Фото) Каква зимска спортско-рекреативна понуда нуди СЦ „Борис Трајковски“

Редакција