еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Емисионите вредности од Макстил во првиот квартал се исклучително ниски

Вредностите на емисиите на цврсти честички од Макстил во првиот квартал од 2025 година покажуваат минимални вредности кои и во двете мерни точки се на скалата под еден, во однос на пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен, информираат од компанијата.

“Овие резултати се директен показател на ефектот од континуираните инвестиции на Макстил во модерни и ефикасни технолошки решенија за контрола на процесите и намалување на влијанието врз животната средина.

Во периодот од јануари до март 2025 година, според мерењата на двете мерни точки, емисиите на цврсти честички се дури 100 пати пониски од оние што се пропишани како гранично дозволени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Со ова Макстил уште еднаш го потврдува својот стратешки фокус на еколошката компонента во индустриското работење, придонесувајќи за подобар квалитет на воздухот во Скопје и пошироко,” се вели во соопштението.

На мерната точка Оџак од филтер постројка каде граничната вредност е 20 милиграми на метар кубен, најниската вредност во првите три месеци од 2025 година била измерена во месец јануари и изнесува 0 милиграми на метар кубен, кога погонот Челичарница на работел, а највисоката во месец февруари изнесува 0,73 милиграми на метар кубен (mg/Nm3).

Мерењата од јануари до март 2025 година на мерна точка Оџак од пескара, исто така покажуваат исклучително ниски вредности на емисии, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуромакс“ ќе тужи пред меѓународен суд, Владата вели дека има аргументи за рудникот Иловица

Редакција

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) ги собира светските експерти за управување со отпад и кружна економија на конференција во Скопје на 29 и 30. мај

Редакција

(Видео) Лизгање на земјиштето му се заканува на Водно, поради градежната узурпација

Редакција