еМагазин
Image default
Бизнис

ЕОС Матрикс Македонија го зголеми откупот на нефункционални пласмани – вложени над пет милиони евра

Растат инвестициите на ЕОС во преземање на нефункционални пласмани во нашата земја, информираат од таму.

Во последната финансиска година – 2023/24 групацијата преку својата локална компанија ЕОS Матрикс инвестираше над 5 милиони евра во преземање на ваков вид на пласмани.

Преку овие инвестиции ЕОС Матрикс Македонија директно придонесува кон економскиот развој во земјата од причина што директно влијае кон закрепнување на нарушените релации во должничко-доверителските односи и помага кон подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании, посочуваат од таму.

Групацијата ЕОС, од која е дел и ЕОС Матрикс Македонија, со свои активности е присутна на пазарите во повеќе од 20 земји, а вработува 6.000 лица ширум Европа.

За групацијата, инвестициите во нефункционални кредити (NPL) од 583,5 милиони евра во деловната 2023/24 година, беа значително под оние во исклучителната 2022/23 година. Сепак, како резултат на континуираните инвестиции, групацијата постигна раст на приходите од 2,1%, потврдувајќи ја оперативната ефикасност на процесите, велат од таму.

За ЕОС Матрикс на македонскиот пазар, реализираниот раст е од големо значење, бидејќи е постигнат во турбулентни економски и општествени околности.

„Се наоѓаме во уште една предизвикувачка година, но нашите прогнози се оптимистични. Како што покажуваат бројките, нашата состојба продолжува да се подобрува без разлика на промените и шоковите кои ги доживува локалниот пазар. Оперативната ефикасност е стабилна, а нашите инвестиции растат и тоа е најважно да се одржи во континуитет.

Од друга страна, дополнително нѐ мотивира тоа што заедно со нас растат и нашите клиентите и сѐ повеќе ја бараат нашата експертиза во специфични полиња. Во периодот пред нас ќе се фокусираме на усовршување на неколку нови алатки кои сакаме да ги претставиме на домашниот пазар, го прошируваме нашиот тим за управување со обезбедени побарувања и очекуваме одлични резултати на крајот од годината“, истакна д-р Катерина Бошевска, генералната директорка на ЕОS во Македонија и Косово.

Покрај растот на инвестициите, ЕОС Матрикс Македонија го следи технолошкиот развој на својата групација, и исклучително тешките стандарди на индустријата во која припаѓа во европски рамки. Па така, инвестира во развој и креирање на нови алатки кои ќе придонесат кон унапредување на услугите.

Во таа насока, од неодамна компанијата ја користи и алатката “ogGPT” за генеративна вештачка интелигенција, која покрај другите придобивки, на корисниците им нуди висока заштита на безбедноста на податоците.

ЕОС Матрикс Македонија е единствена компанија во финансискиот сектор која го имплементираше меѓународниот стандард ISO 27701:2019 и работи согласно високите принципи на заштита што ги гарантира овој стандард, а кој исто така овозможува и проценка на ризиците и поголема контрола.

Компанијата има голема финансиска експертиза која ја применува и развива и на македонскиот пазар, а креира нови можности во финансискиот сектор нудејќи иновативни финансиски инструменти, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ПЦР-тестови во приватното здравство граѓаните потрошиле околу 20 милиони евра, откриваат државните ревизори

Редакција

Собранието вработува 16 државни службеници, плата до 31.342 денари

Редакција

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%, велат од Агенција за супервизија на осигурување

Редакција